Израелски археолози пронашле остатоци од канабис на предмети од антички храм на југот од Израел. Тие сметаат дека ова се првите докази за употреба на халуциногени супстанции во древната еврејска религија. Хемиската анализа на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и Институтот Технион покажала дека едниот олтар содржи психоактивни состојки што ги има и во марихуаната, а во другиот имало темјан.
Како што се наведува, откритието во светилиштето од 8 век пр.н.е. во Тел Арад, на околу 60 километри јужно од Ерусалим, ги нуди првите докази за употреба на „супстанции што го менуваат умот, користени во обредите“.
Еран Ари, кустос во музејот во Израел и главен автор на трудот, откритието го нарече револуционерно и укажува на тоа како се одвивале богослужбите во храмовите во тоа време.
Јоси Гарфинккел, професор по археологија на Хебрејскиот универзитет, потсети и на сознанијата за употреба на вино на опиум во други делови на областа, за слични цели.