Астероид ги збуни научниците: Вакво нешто не виделе досега

By

Астрономите од целиот свет се фрлија на проучување на вселенски објект каков до сега немале прилика да видат – астероид или комета која стигнала од друга ѕвезда.

Сите астероиди или комети кои до сега сме ги виделе стигнуваат од Сончевиот систем и се наоѓаат во орбитата околу Сонцето. Меѓутоа, минатата недела телескопот од Хаваи откри прв меѓуѕвезден објект, а се работи за астероид или комета, кој успеал да избега од гравитациските сили на некој друга ѕвезда и да влезе во нашиот сончев систем.

Затоа A/2017 U1 го нарекоа вонземјанин. Се работи за објект од 400 метри кои се движи многу брзо (околу 25,5 km/s), што е три пати побрзо од астероидот 2012 TC4 кој овој месец помина крај Земјата.

Прв го откри Роб Верик од Институтот за астрономија на Универзитетот на Хаваи. Како што рече за НАСА; неговото движење не можело да се објасни со нормалната орбита за астероид или комета од Сончевиот систем. Со комбинирање на податоците од Европската вселенска агенција заклучиле дека објектот стигнал надвор од Сончевиот систем.

„Тој има најекстремна орбита што некогаш сум ја видел“, вели Дејвид Фарночиа од НАСА и додава дека има орбита која го носи надвор од Сончевиот систем и нема да се врати назад. Стигнал од насока на соѕвездието Лира и речиси вертикално упаднал на рамнината во која орбитираат планетите околу Сонцето. Поминувајќи крај Сонцето, сега оди кон соѕвездието Пегаз.

Ќе ви се допадне

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime streaming Fairy Tail

ani watch app AniWatch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation

Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway Episode 12

watch anime dub Attack on Titan

watch anime online AniWatch Attack on Titan Season 2