Астероид откриен во 2010 година повторно помина покрај Земјата

Астероид откриен во 2010 година WC9 во доцните вечерни часови минал покрај Земјата на оддалеченост од 200.000 километри. Астрономите сметаат дека се работи за карпа со размер од 130 метри.

Големиот астероид, за кој се мислело дека е изгубен во длабочините на вселената, повторно бил откриен на својот пат кон Земјата.

Астрономите процениле дека астероидот е голем колку Кеопсовата пирамида. Тогаш се разминал со Земјата на оддалеченост од 14 милиони километри и го продолжил својот пат кон надворешниот дел од Сончевиот систем.

Карпата со размер од 130 метри предоцна ја забележале, па научниците немале доволно време да ја измерат неговата орбита и прецизно да пресметаат кога ќе се врати во нашите краеви.

Тој ист астероид сега се вратил и поминал на оддалеченост од Земјата, 70 пати поблиску отколку пред осум години. Не само што се работи за најблиското минување на овој астероид во изминатите 300 години, но ова е една од најблиските средби што Земјата ја имала со толку голем астероид.

На почетокот научниците не знаеле точно дали ќе претставува закана, но во меѓувреме го отстраниле од листата на објекти што би можеле да нѐ погодат. Исто така, пресметале дека тој нема барем во наредните 100 години да ни претставува закана.

Астероидот можел да се забележи со мал телескоп, а покрај нас поминал нешто по полноќ.

Scroll to Top