Астероидот Бен кружи околу Сонцето, а на пат е да нѐ уништи

Астероидот Бен, со пречник од 500 метри, кружи околу Сонцето со брзина од 101.388 километри на час, а научните истражувања покажуваат дека постои можност од 1:2.700 да ја погоди Земјата во 2135 година.

НАСА верува дека Земјата би можела да биде загрозена, но секогаш постои шанса за време на патувањето на астероидот нешто да се наруши, па затоа не сакаат да ги остават работите на случајност.

Од таа причина поведен е проектот со име HAMMER, што го водат ННСА, НАСА и двете американски државни одделенија од Министерството за енергија. Тие сакаат да лансираат летало со тежина од 8,8 тони, кое ќе го наречат „имапктор“ и ќе го забијат во астероидот Бен, или да искористат нуклеарно оружје за да го одвратат од патеката или да го уништат.

„Доколку астероидот e мал и доколку на располагање имаме доволно време, можеме да го одвратиме од патот со помош на „импакторот“, но ако се најдеме во ситуација да мораме да брзаме, ќе го искористиме нуклеарното оружје“, изјави физичарот Дејвид Дирборн.

„Не можете никогаш да бидете сигурни дали астероидот ќе го одржи патот што го имаме во нашите пресметки. Мора да ги земеме предвид и соларните ветрови, гравитациското поле на Јупитер, а постојат и голем број опасни астероиди кои сѐ уште не сме ги откриле“, наведува научникот и додава дека токму поради тоа е инициран проектот „Хамер“.

Иако проектот е веќе поведен, тоа не значи дека ќе биде реализиран затоа што се проценува дека трошоците ќе изнесат повеќе од милијарди долари.

 

Scroll to Top