Атанас и Тино ја отворија „Гола месечина“: почна фестивалот на комедијата

Со комедијата „Чао, пријатно“, во која глумат актерите Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски, почна фестивалот на комедијата „Гола месечина“ во населбата Аеродром.
„Гола месечина“ ќе трае до 3 октомври, а оваа година се одржува на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонскиот центар според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер.


Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот, а вратите за влез на публиката ќе бидат отворени од 19 часот. Оваа година влезот е со билети, кои се бесплатни и во ограничен број, а нивното подигнување се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ од 10 до 14 часот секој ден за претставите што се на репертоар тој ден. Едно лице може да подигне два билета со лична карта за една претстава. Вечерва, на репертоар е претставата „Партија реми“, во која играат актерите Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ.

Scroll to Top