(Аудио) Откриено племе кое говори на јазик непознат за современата цивилизација

Во малото село, покрај реката Пергау во Малезија, лингвисти откриле луѓе кои говорат јазик кој досега и е непознат на човековата цивилизација. Јазикот се нарекува једек, и го говорат преку 280 луѓе.

За ова племе би можело да се рече дека е понапредно во однос на многу други развиени култури. Во оваа заедница владее голема рамноправност на половите па дури може да се каже дека е поголема и од западните општества. Не одобруваат насилие како ни тепање меѓу децата.

Токму таквиот начин на живот се одразил и на нивниот јазик, за кој не постојат зборови кои го означуваат поимот на поседување како што е на пример, купува, продава, позајмува или краде. Тие сепак имаат голем број на зборови кои означуваат размена, делење и соработка.

Линвистите Никлас Биренхалт и Џоан Јегер од Универзитетот Линд во Шведска, го откриле овој јазик додека го проучувале јазикот јахаи на истото тоа подрачје. Истражувачите веќе одамна го откриле ова племе и неговите членови не се во целост изолирани од надворешниот свет. Многу луѓе и научници ги посетиле и проучувале, но никој не забележал дека зборуваат на досега непознат јазик.

 

„Свативме дека голем дел од луѓето во селото говорат на поинаков јазик. Користеле зборови и граматички структури кои не постоеле во јаизкот јахаи“, велат тие.

Како глобализацијата земала се поголем замав, непознатите јазици изумираат се повеќе и повеќе.

Во моментов во светот се говорат преку 6000 јазици, а од тие 40%  би можеле да бидат засекогаш изгубени. Според мислењето на научниците, во следните 100 години сосема е можно да повеќе од половината од овие јазици повеќе да не постојат.

 

Scroll to Top