Авионот се тркаше со ураганот и леташе меѓу работ и јадрото

By
Пилотите при летот имаат помош преку апликациите од фирмите за следење на времето при летот, со чија помош можат да ги предвидат турбуленциите и да го олеснат летот.„Delta Air Lines“ инаку се гордее со својата брзина, но вчера овој авиопревозник, дефинитивно оствари ново ниво кога неговиот авион во последен момент го избегна ураганот Ирма.

Летот 431 полета од аеродромот „Џон Ф. Кенеди“, во 08:39 по локално време за Сан Хуан на Порторико, тркајќи се со ураганот Ирма кој од островот се доближуваше од другата страна. Ураганот од категоријата 5, е најголем ураган забележан на Атлантикот и втор најголем некогаш забележан, а за тоа време беше на пат преку Карибите кон Флорида.

Сателитските снимки го прикажуваат авионот како лета директно кон ураганот

Како што јавува USA Today, Боингот 737-900 летал три часа и 49 минути кон Порторико, додека еден од фановите на авијацијата, Џејсон Рабиновиќ, напнато го следеше летот и уживаше преку онлајн службата за следење на летовите.

Откако тој се јави на Твитер, 2 авиони „Jet Blue“ и еден „American Air“, кои полетаа по Делта, мораа да се вратат на аеродромот.

На картите јасно се гледа како авионот лета директно кон зелено-жолто-црвениот дел, кој го претставува ураганот Ирма. Пилотите при летот имаа помош од апликациите за следење на времето при летот, помош со која се предвидуваат турбуленциите и го олеснуваат летот.

 

 

Авионот летал меѓу работ и јадрото на ураганот

Тајмингот на авионот бил идеален – слетал во 12:01 во услови на лесен дожд и со видливост од 14 километри, со налети на ветер од 57 километри на час, што е внатре во параметрите во кои авионот може да лета безбедно, истакна портпаролот на Делта Мајкл Томас.

По брзото 40 минутно вртење, повратниот лет 302 тргнал од Сан Хуан назад на аеродромот JFK 24 минути порано од планираното. Авионот со 173 патници слетал на ЏФК во 16:22.

 

Ќе ви се допадне

AnimeTV: Ryuu no Haisha (Dub) anime episode 2 online free at https://animetv.cc japanese anime tv shows

AnimeBee: Hana no Ko Lunlun: Konnichiwa Sakura no Kuni anime episode Full online free at https://animebee.to dubbed anime

Bakumatsu: Crisis (https://4anime.biz/m/B6Pz) Episode 12

Website https://animefreak.ws: Watch Dr. Slump and Arale-chan: Hello! Wonder Island animefreak Episode Full animefreak chatango

Pentagonthink: http://pentagonthink.com/members/animefreakws/

Buzzfeed: https://www.buzzfeed.com/gogoanimebe/