Австралија ги прогласи коалите за загрозени животни

Австралиската влада ги прогласи коалите за загрозени животни, откако нивниот број драматично опадна. Причината за ова е и расчистувањето на земјиштето, шумски пожари, суша, болести и други закани со кои се соччија полседните неколку години.

Австралија побара да се направи нешто за да се обезбеди нивна заштита. Коалите првпат добија статус на ранливи животни во неколку области уште во 2012 година.

„Заштитата на коалите станува приоритетна. Официјалните служби веќе разработуваат план за нивно закрепнување“, изјави министерката за животна средина Сузан Леј и додаде дека коалите би можеле да исчезнат во Нов Јужен Велс до 2050 ако не се преземе итна акција.

Се проценува дека 5.000 коали загинале во летните пожари во сезоната 2019/2020, кои погодиле 24% од нивните живеалишта во Нов Јужен Велс.

 

Scroll to Top