Австралијанец стана милионер откако уплатил две лото ливчиња со исти бројки

Австралијанец од Мелбурн освоил 46,6 милиони долари на лотарија, откако по грешка уплатил два тикета со исти броеви. Добитникот едниот тикет го уплатил во Сент Олбанс, а потоа случајно уплатил уште еден тикет со истите бројки но, на друго продажно место.

Секој тикет поединечно му донел добивка од 23,3 милиони долари. Покрај среќниот Австралијанец, добитник на целокупната лотарија бил уште еден играч од Хобарт, кој што освоил награда од 23,3 милиони долари.

Целата добивка од лотаријата е поделена на три дела, од кои два ќе ги земе среќниот добитник со уплатени две ливчиња. Човекот кој уплатил два тикета изјавил дека ги играл истите броеви 30 години и дека сега размислува да се пензионира, да купи нова куќа, а можби и со семејството да замине на одмор.

 

Scroll to Top