Австриското биро за вработување пред колапс

Кризата поради коронавирусот предизвика големи проблеми на пазарот на труд во Австрија, драстично го зголеми бројот на невработени, но и вработените во Сервисот за вработување (АМС) им донесе огромен број на прекувремени часови.

Работничкиот совет АМС, побарал итно зголемување на бројот на вработени во оваа установа, која се занимава со вработување на луѓето. Од март до јуни, вработените во АМС оствариле повеќе од 73.000 прекувремени часови.

„Нашите вработени ги потрошија сите сили. Мора конечно нешто да се превземе“, порачува претседателот на централниот работнички совет на АМС, Хајнц Рамел. Преку писмо, тој побарал одлука за мерките за борба за нивните права, кои одат во штрајк.

„Бараме најмалку 652 работни места со полно работно време“, се наведува во писмото. Рамел стравува дека состојбата на есен би можела да се влоши, поради заканата од растот на невработените.

Дополнитлениот персонал, како што смета тој, треба да биде применлива колку е можно побрзо, за да бидат обучени уште пред есента, затоа што во спротивно се заканува хаос.

Според Рамел зголемувањето на бројот на персонал, би ја чинел државата дополнителни 30 милиони евра. За овие мерки може да се одлучи до 11 септември.

Scroll to Top