Автентична копија на слика од Леонардо да Винчи, стара 500 години, случајно пронајдена во стан во Неапол

By

Италијанската полиција пронајде слика од 16 век, примерок од автентична копија на „Салватор Мунди“ од Леонардо да Винчи, на која е претставен портрет на Исус Христос, украден лани во Неапол од заклучена црква чии свештеници не ни забележале дека недостасува.

Полицијата во Неапол ја пронашла сликата скриена при претрес на еден стан за време на друга истрага. Полицијата соопшти дека сопственикот на станот бил уапсен затоа што не дал убедливо објаснување дека не ја купил сликата на црниот пазар за антиквитети.

Сликата е една од познатите копии на делото на Леонардо „Салватор Мунди“ (Спасител на светот), кое е продадено за рекордни 450 милиони долари на аукцијата „Кристи“ во 2017 година. Купувачот бил од саудиското кралско семејство, кој наводно го купил за филијала на музејот Лувр во Абу Даби. Сликата требаше да биде изложена таму една година подоцна, но изложбата беше одложена и од аукцијата не е видена во јавноста.

 

Ќе ви се допадне

Kuroko's Basketball 2 Episode 25 at Funimation funimation streaming service

By the Grace of the Gods Episode 12 at website https://kissanimeonline.com. See more boruto kissanime