Автомобил паркиран 47 години на исто место стана туристичка атракција во Италија

Автомобилот „Ланчија фалвија“ од 1962, паркиран на исто пред 47 години во Конељано, Италија, стана туристичка атракција. Неговиот сопственик Анџело Фреголент (94) секогаш го паркирал својот автомобил пред киоскот што го водел со неговата сопруга Бертила Модоло, пренесуваат тамошните медиуми.

Но во 1974 Фреголент засекогаш го остави автомобилот на истата локација, откако се пензионираше со својата сопруга.

„Кога го отворив бизнисот, бев среќен што автомобилот е паркиран пред трафика бидејќи ги растоварав весниците во багажникот и потоа ги ставав внатре“, изјави нејзиниот сопственик за „Ил газетано“.

Автомобилот го очекува реставрација. Тој ќе биде обновен и претворен во споменик, бидејќи веќе поодамна е дел од урбаните знаменитости на градот.

Scroll to Top