Баба од 72 години задави друга баба оти имала странска пензија

Драгослава Спасојевиќ (72) од српското село Кудреш е уапсена поради сомнение дека ја задавила својата прва сосетка Драгица Михајловиќ (77). Според полицијата  причина за ова е користољубие оти жртвата имала странска пензија и била добро ситуирана.

Како што пренесуваат српските медиуми полицијата испитува дали Спасојевиќ ја убила сосетката за да ја ограби полесно или можеби и должела пари кои не можела да ги врати.

Михајловиќ била пронајдена мртва во креветот во својата куќа, а иако сите докази укажувале на природна смрт, обвинителот наредил обдукција која открила траги на давање. Сосетката веднаш била осомничена затоа што била блиска со покојната и се грижела за неа откако неодамна го оперирала колкот.

Scroll to Top