Баба трудна на 70 години

70-годишната Марија де ла Луз од Мексико е во шестиот месец од бременоста. Ако го роди детето, за кое знае дека е девојче, ќе стане најстарата родилка во светот. Марија е веќе е мајка на седум деца.

„Ми рекоа дека е девојче. Погледнете, може да го видам нејзиното мало лице“, им рекла на репортерите кои ја посетиле во нејзиниот дом во мексиканскиот град Мазатлан.

Де ла Луз открила дека првпат помислила дека е бремена пред три месеци, но не кажала дали се работи за вештачко оплодување или останала трудна по природен пат, пишува „Дејли мејл“. Нејзините останати деца не се пресреќни поради оваа вест. Тие сметаат дека е престара за да стане мајка.

Ако девојчето се роди, Марија де ла Луз ќе биде четири години постара од жената која досега ја држи титулата најстара трудница, 66-годишната Марија дел Кармен Бусаде де Ларе. Таа роди близнаци, две момчиња Кристијан и Пау во декември 2006. година. Родени се предвремено со царски рез, а секој тежел околу 1,6 килограми.

Scroll to Top