Балетот на мраз „Оревокршачка” во Скопје

На 24 ноември на сцената на МОБ, Државниот балет на мраз од Санкт Петербург ќе ја изведе претставата „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски. Ова е балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изведува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.

Минатата година тој гостуваше во Скопје и го изведе балетското ремек-дело „Лебедово езеро“. Оваа изведба побуди голем интерес кај македонската публика, па наместо две, во МОБ се одржаа четири претстави.

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург во 1967 година го основал кореографот Константин Бојарски и претставува успешно продолжение на традиционалната руска школа за класичен балет. На нивниот репертоар се „Заспаната убавица“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, „Ромео и Јулија“ и „Пепелашка“.

Scroll to Top