Банкар побарал од личната сметка на Путин 100.000 рубли

Претседателот на една руска банка, Андреј Костин, побарал од претседателот на Русија Владимир Путин 104.000 рубли од неговата лична сметка. Парите што тој ги побарал од претседателот требало да бидат искористени за засадување 1.040 стебла во Иркутската област во Сибир.

Тој му понудил на Путин да учествува во обновувањето на шумските површини.

„Ако не ви смета, ќе засадиме дрвја во ваше име. За да го направиме тоа, ни треба ваша дозвола да земеме 104.000 рубли од вашата сметка во банката бидејќи секое стебло чини 100 рубли“, изјавил Костин.

Путин веднаш го прекинал со духовит коментар.

„Ох, затоа сум ви потребен јас“, изјавил рускиот претседател на што сите присутни се насмеале.

По тоа, Путин додал: „Се разбира, не ми смета“.

Костин потоа го презентирал сертификатот на кој пишувало: „Владимир Путин засади шума во Иркутската област од 1.040 стебла“, со точни координати на кое место се наоѓа секое дрво и му се заблагодарил на претседателот.

Движејќи се кон него, Путин го запрашал: „Веднаш ли ќе ги земете парите? Страшни луѓе се ова банкарите“, изјавил Путин и предизвикал смеа кај присутните.

 

Scroll to Top