Батлерот открил со што е погребана принцезата Дијана

Батлерот на принцезата Дијана, наводно, без ничие знаење, го вратил кралскиот брош кој и бил одземен на принцезата, по разводот од принцот Чарлс.

Право на неогво носење го имале само членовите на кралското семејство, поради што и го одземале на Дијана во 1996 година. Пол Барел тоа го раскажал на пријателката Лизи Олдфилд, која ваквата информација ја открила во јавноста.

„Кога Дијана починала, кралското и семејството Спенсер биле повикани да дојдат и да бидат покрај нејзиното тело. Никој не дошол. Пол пристингал и ја пресоблекол. Членовите на кралското семејство носат брош со ликот на кралицата и дијаманти. На Дајана и беше одземен откако се разведоа со Чарлс. Пол и го вратил брошот и таа е погребана со него“, изјавил Лиза Олдфилд.

Пол и рекол дека ова претставува „мала победа на Дијана“, затоа што е погребана како членка на кралското семејство.

 

 

Scroll to Top