Бавното чекорење брзо доведува до смрт

By

Луѓето со побавен чекор два пати почесто умираат од болести на срцето, се наведува во резултатите од опсежното истражување на британски лекари.

dobivaj vesti na viber

Специјалистите во текот на шест години, следеле 230.000 жени и 190.000 мажи, во добата од 39 до 74 години. Учесниците, редовно минувале низ физички тестови и подготовки, со цел да се увиди општата состојба на организмот.

Тие, исто така, давале извештаи за темпото со кое се движат. Се разбира, земени се во предвид и останатите состојби, како што се:

Конзумирањето на алкохол, пушењето, хроничните болести, деловниот статус, етничката припадност.

Но, основна работа било темпото на одење.

Како што пишува рускиот портал „Газета“, во текот на годината, при експриментирањето на контролната група, умреле 8598 лица, од кои 1188 мажи и 466 жени, од срцев удар.

Притоа меѓу нив имало двојно повеќе лица, кои обично се движеле побавно.

Освен тоа, ризикот од смрт бил зголемен од малата тежина на учесниците во експериментот.

Обратните резултати од истражувањата го потврдиле претходниот заклучок. Брзиот од помага на избегнување на развој на срцеви болести.

Истовремено брзината на движењето не е поврзана со ризикот од карцином. Но, друг работен ден, повеќе од 55 часа неделно, предизвикува аритмија и го зголемува ризикот од предвремена смрт за 40% во споредба со оние кои работат од 35 до 40 часа.

 

Ќе ви се допадне