Бебе го добило името по авионот за евакуација од Авганистан во кој се родило

Бебе кое се родило за време на евакуацијата во Авганистан го добило името Рич, според авионот во кое било родено. Името Рич претставува повикувачкиот знак на авионот, рече наредникот на американските сили во Европа, Тод Волтерс, на брифинг во Пентагон, пренесува „Си-ен-ен“.

Повикувачкиот знак се користи во радиокомуникацијата. Авионите Боинг Ц-17, кои ги користат воздихопловните сили на САД, често го користат овој знак, од кој следи комбинација на броеви.

Американците на „Твитер“ објавија дека викендов во еден од нивните авиони се породила жена, на лет за Германија. Таа за време на летот имала компликации, а нејзината состојба се влошила откако пилотот почнал да ја намалува висината.

Тој го спуштил авионот за да го зголеми воздушниот притисок, за да ѝ помогне на мајката да се спаси. Војниците и помогнале при изнесувањето на детето по слетувањето, изјавиле од штабот.

„Како што можете добро да замислите, бидејќи и самиот сум пилот на борбеното воздухопловство, сон ми е да видам како ова мало дете со име Рич ќе порасне и ќе стане американски државјанин и ќе лета во еден од борбените ловци на САД“, рече Волтерс.

Оваа база е само транзитна точка за луѓето кои се евакуираат од Авганистан. Во моментов од неа главно се пренесуваат лица до меѓународната воздухопловна кула „Дулес“, во близина на Вашингтон, а потоа во американсите воени бази.

Рамштајн, во близина на градот Кајзерслаутерн, на западот од Германија, е најголемата американска база во земјата. Волтерс рече дека таа има капацитет да собере 12.000 луѓе.

Заедно со другите германски локации и по една база во Италија и Шпанија, Волтер рече дека можат да примат до 25.000 евакуирани луѓе.

Scroll to Top