Белгиец во судница се врзал со синџири за мермерен блок

By

Белгиецот Мајк Поуп, кој се врзал со синџир за мермерен блок за да покаже дека уметниците на некој начин се затвореници под товарот на историјата, не успеа сам да се ослободи, па по 19 дена перформанс, мораа да му го пресечат синџирот.

Триесет и четиригодишниот Поуп се врзал со синџир долг три метри, а другиот крај се наоѓал во средината на еден мермерен блок. Перформансот го извел во судницата во белгискиот град Остенд, пренесува денес „Ројтерс“.

Во текот на 438 часа се обидел да се ослободи на начин со отстранување блок по блок за да стигне до крајот на синџирот, но сепак не успеал во тоа.

„Овој блок е симбол на историјата, историјата на уметноста, со која се обидувам да се ослободам. Октрив дека тоа не е можно. Тоа е товар што секогаш морам да го носам со себе“, заклучил белгискиот уметник.

Неговиот перформанс со име De Profundis бил дел од широката изложба, а настанот можел да се гледа и во живо преку интернет.

 

 

 

Ќе ви се допадне