Белгиски механичар по грешка уништи воен авион од типот F-16

By

Во Белгија е избегната голема трагедија откако механичар, чие име засега останува анонимно, го активирал митралезот „гетлинг“, со калибар од 20 милиметри, за време на поправка, по што дошло до голема експлозија.

Авионот бил целосно вооружен на пистата додека се вршеле поправките.

Dramatične scene... Zapaljeni avion na pisti

Инцидентот се случил во воената база Флоренс, а епилогот се двајца повредени техничари, еден целосно уништен авион F-16, чија цена е околу 19 милиони долари, додека вториот е тешко оштетен.

Запаливи гранати

На социјалните медиуми се објавени слики од пожарот и уништеното летало што покажуваат дека не се работело за каков било инцидент, како што на почетокот сакале надлежните да го претстават. Двајцата повредени техничари во базата, која се наоѓа околу 100 километри јужно од Брисел, се здобиле со тешки оштетувања на слухот. Инцидентот се случил во четвртокот попладне, а, како што пренесува „Дејли мејл“, механичарите работеле на одржување на еден авион од типот F-16, кој бил паркиран недалеку од контролната кула.

Наеднаш се слушнал голем татнеж, се слушнале истрели од митралезот „гетинг“ со калибар 20 милиметри. Во прашање бил митралез со шест цевки, кој испалува 6000 куршуми во минута. Во стандардната муниција се наоѓале и запаливи куршуми. Настрадале две летала што биле паркирани во близина. Тие недолго пред инцидентот биле наполнети со гориво и требало да полетаат во една тренинг-мисија.

Proglašena je uzbuna... Gust crni dim nad bazom

Во базата веднаш била прогласена узбуна и била покрената голема спасувачка операција за да се спречи ширење на пожарот, додека густиот црн дим се ширел над базата.

Полн со керозин

Во гаснењето на пожарот учествувале 30 пожарникари, додека на местото на настанот излегле бројни возила на итна помош. Леталото што изгорело било наполнето со околу 10 000 литри високозапалив керозин.

„Имавме среќа. Не можам да престанам да размислувам за тоа што можеше да се случи“, изјавил полковник Дидие Полом, пилот кој неодамна долетал од мисија.

Борис Моренвил од белгиското Министерство за одбрана потврдил дека не станува збор за терористички акт или намерно предизвикана несреќа.

 

 

 

Ќе ви се допадне