Беспилотното летало „Инсајт“ успешно слета на Марс

Сондата „Инсајт“, која пред седум месеци била лансирана од страна на НАСА, слета на Црвената Планета. Беспилотното летало, вредно 993 милиони долари, успешно слетало на Марс.

Мисијата на леталото „Инсајт“ (InSight) има за цел на научниците да им даде повеќе податоци за тоа како настанал Марс. Да ги открие внатрешните тајни и да дознае информации што би помогнале во добивањето сознанија за формирањето на другите карпести планети каква што е Земјата.

Беспилотното летало е лансирано пред седум месеци и ова е прв обид на НАСА да стигне до Марс по слетувањето на роверот „Кјуриозити“ во 2012 година.  НАСА досега е единствената вселенска агенција што успеала да стигне до Марс. Вселенската агенција сега вложува големи средства за изведување на роботските мисии со цел до 2030 година да може да се отвори пат за првото човечко истражување.

„Никогаш не го земаме Марс здраво за готово. Марс е тежок“, изјавил американскиот научник Томас Зурбухен. Влезот во атмосферата на Марс и слетувањето почнало во 20:40 часот по средноевропско време. Во лабораторијата на НАСА настанала шестминутна паника.

Со брзина поголема од брзината на куршумот (19.800 км/ч), „Инсајт“ влегол во пеколната атмосфера на Марс. Неговите штитови издржале температура од 1.500 степени Целзиусови. Радиосигналот за кратко бил изгубен. Откако леталото го преживеало влезот во атмосферата, топлотниот штит бил исфрлен.

„Инсајт“ потоа ги позиционирал трите нозе за слетување и го активирал падобранот.

„Ќе има мал слободен пад, нешто од што сум преплашен“, изјавил проектниот инженер Том Хофман.

Scroll to Top