Без вода и без потреба не излегувајте од дома, се враќаат пеколните горештини

Без вода и без потреба не излегувајте од дома затоа што се враќаат пеколните горештини, препорачуваат експертите. Дождот што беше најавуван викендов нè забиколи.

Од УХМР информираат дека времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер. Максималната температура ќе достигне до 41 степени, а УВ-индексот ќе биде 9.

Натпросечни температури ќе бидат и утре и задутре, повторно ќе се бориме со над 40 степени. Убава вест доаѓа в среда, кога од УХМР најавуваат пороен дожд и грмежи, се очекува температурите да паднат за неколку степени.  И на 35 е жешко ама над 40 е уште повеќе.
Scroll to Top