Кејт Мек Клур (27) додека се возела една вечер кон Филаделфија, поради својата невнимателност останала без гориво. Со оглед на тоа дека станувало збор за период пред полноќ, Кејт се уплашила, но тогаш и се приближил помладо момче па ѝ понудил да и купи гориво.
Но, девојката кај себе немала пари, а тогаш момчето дополнително ја изненадил со својата добродушност, понудувајќи и ги последните 20 долари кои ги имал. Ја посоветувал да седи и да го заклучи автомобилот, а тој брзо ќе се врател со горивото, нешто што подоцна навистина и се случило.
Кејт не го заборавила и по неколку дена се вратила на истото место, заедно со своето момче за да му се заблагодари на помошта. Но, откако го запознале, неговата приказна многу ги растажила и двајцата.
Имено, Џони бил дел од маринците, а се обучувал за болничар. По низата на неспретни околности кои го однеле до алкохолот и другите тешки зависности, воениот ветеран во 2014 година завршил на стотина километри од својот дом во Каролина. Живеел под мостот во Филаделфија.
По средбата со него, Кејт одлучила да покрене хуманитарна акција со цел да собере 10.000 долари за да му помогне на несреќниот бездомник. Тоа што било изненадување за сите, е што во рок од две недели собрале 11 пати повеќе пари отколку што првично планирале.