Бил дете од родители нацисти, а излегол од бункер по 72 години

Германецот Ернст Милер тврдел дека бил роден во 1946 година во подземен бункер, некаде во Јужна Америка. Тој во моментот бара азил во германската амбасада во Буенос Аирес, пренесува El Cronista.

Ернст тврди дека бил роден во 1946 година од родители нацисти, Хенрих Милер и Ана Шмид.

Милер пристигнал со такси во амбасадата во Буенос Аирес неделава, а немал пари да му плати на таксистот со кој поминал шест часа. Пред службите во амбасадата зборувал само германски.

Германските служби во јавноста излегле со изјава дека неговото семејството се скрило под земјата во бункер плашејќи се дека Адолф Хитлер ќе го ослободи нуклеарниот холокауст.

Германскиот амбасадор Фридрих Бергер исто така потврдил дека човекот имал валидни идентификациски документи, кои го потврдувале неговиот идентитет и идентитетот на неговите родители.

Германскиот амбасадор во Аргентина, Фридрих Бергер

Сценариото што им го соопштил на тамошните претставници во германската амбасада било дека неговите родители избегале од Берлин, а потоа се скриле на безбедна локација во Јужна Америка, каде што го минале остатокот од животот. Идентитетот на Хенрих и Шмид не бил разоткриен дури ни по нивната смрт.

Од германската амбасада велат дека Ернст Милер неодамна одлучил да го напушти подземниот бункер набргу по смртта на мајка му Ана Шмид.

Аргентинските власти засега го немаат потврдено постоењето на подземниот бункер и во моментот се во контакт со официјалните лица на германската амбасада.

 

 

Scroll to Top