Битолчанец спаси кутре кое смрзнувало во реката Драгор

Вчера на „Фејсбук“ осамна фотографија на која момчето Ѓунер Паша го вади премрзнатото кутре од реката Драгор, во Битола. Оваа фотографија и хуманииот гест на битолчанецот, наиде на поздрав и воодушевување кај следбениците на социјалните мрежи.

Особено активистите за заштита на животни, ја споделуваа оваа фотографија и под неа напишаа: „Голема благодарност до дечкото Ѓунер Паша, кој спречи една душа да замрзне во реката Драгор. Кутрето е спасно благодарение на самоиницијативноста на дечково“.

Здружрението „Мали херои Битола“, кој се борат за заштите на животните, Ѓунер Паша го прогласија за херој на денот.

Битолчани го прогласија за херој на денот
Scroll to Top