Бившата му го искрши киоскот на бугарскиот секретар во Битола

Бившата сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото од неговиот киоскот кој го користел за продавање  свеќи и цвеќиња на патот кон црквата Света Недела во Битола. Таа вчера јавно на Фејсбук напиша дека го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања  поради кои е гневна . Таа порача дека и во Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот.

Полицијата презеде мерки и утврдено дека тоа го направила сопругата, која и сама ја призна вината. 

Претходно секретарот  пријавил  дека тоа го направиле оние кои имаат нетрпеливост кон Бугарите.  Од центарот „Иван Михајлов“ на Фејсбук првично објавија: „Одново се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго“. На крај се сведе дека ова е љибовна драма , а не меѓудржавен инцидент. 

Scroll to Top