Бившата на Лотар Матеус со порноснимка уценувала англискa фудбалска ѕвезда, трофеен клуб ја исплатил Маријана со 100.000 евра и „мерцедес“ за да молчи

Познатата дизајнерка Маријана Матеус, позната и како поранешната сопруга на германскиот фудбалер Лотар Матеус, се најде во фоксуот на внимание по скандалот  во Британија откако се дозна дека уценувала англиски фудбалер со порноснимка, пишува српски „Курир“.

Според пишувањата на српскиот портал, дизајнерката била подготвена да го објави во јавност експлицитното видео, ако фудбалерот не ѝ исплател одредена сума пари.

Таа се снимила додека има секс со познат фудбалер кој игра во Англија, а откако раскинала со него, го уценувала со снимките и фотографиите. Како што пишуваат медиумите, двајцата две години имале тајна секс-афера. Тие врската ја завршиле кога фудбалерот дознал дека го чека третото дете со неговата сопруга. Тогаш настанал и целиот проблем, од кој Маријана добро профитирала.

Фудбалскиот клуб во кој уценуваниот спортист играл ѝ исплатил на Маријана 100.000 евра, а ѝ подариле и џип „мерцедес“, само за да молчи ѝ да не ги објавува видеата и фотографиите во јавност.

Добро упатени извори во целиот овој скандал откриваат дека Маријана му се заканила на фудбалерот дека ќе го објави видеото, а дека таа ќе се заштити. Тие велат дека тој не можел да си дозволи такво нешто од повеќе причини. Бил во брак и во тој момент бил еден од најплатените фудбалери во познат трофеен клуб.

„Беше нервозен и тоа почна да се забележува на тренинзите, но ѝ на натпреварите“, велат изворите.

Тоа го забележале првите луѓе во тимот. Тие забележале дека фудбалерот имал сериозен проблем, а кога тој им објаснил за што се работи, од управата на клбуот веднаш застанале зад него и се обиделе да му помогнат.

Фудбалерот е ценет и одличен на теренот и во тоа време бил еден од водечките фудбалери во Србија во Англија. Тренерите не сакале да дозволат да се создаде скандал и да му пропадне сезоната, а, меѓу останатото и скапо го платиле.

Тие не дозволиле во јавноста да се појави експлицитното видео, затоа што тоа ќе влијаело и на останатите фудбалери, но и на реномето на клубот.

Scroll to Top