Перверзен споменик поставен пред католичко училиште во Австралија

By

Шокантен дизајн на споменик присили католичко училиште во Австралија да ја покрие статуата подигната во чест на средновековен светец.

Претставниците на католичкиот манастир и училиштето „Блекфриарс“ во градот Аделаиде во Јужна Австралија ја воочија грешката по откривањето на споменикот на свети Мартин де Порес, кој му дава леб на детенце.

Но, кога учениците почнале да го фотографираат споменикот и положбата на лебот, училиштето веднаш ја покрило статуата и се извинило.

Директорот Симон Кобијац изјавил на училишната фејсбук-страница дека кипот бил одобрен врз основа на дводимензионален концепт на цртежи.

Дури откако споменикот бил завршен, се разгледувале потенцијалните сугестии од страна на извршниот одбор во училиштето.

„Како последица на тоа, статуата веднаш била покриена, а локалниот скулптор одлучил да го редизајнира“, пишува во изјавата.

„Од училиштето се извинија за сите непријатности генерирани во јавноста по ова прашање и преземаа мерки  статуата веднаш да биде преместена“.

Првата фотографија од статуата е објавена на страницата на „Инстаграм“ и брзо собра над илјада лајкови и коментари од корисниците кои беа провоцирани од дизајнот. Најновото ажурирање на страницата покажува дека подрачјето каде што е статуата е оградено со црна церада.

Овој манастир бил католичко училиште за момчиња од детска градинка на возраст до 12 години. Свети Мартин де Порес Веласкез бил брат на Доминиканскиот ред познат по помагањето на сиромашните преку изградбата на сиропиталишта и детски болници во родниот град Перу во текот на 16 век.

 

Ќе ви се допадне