Според фитнес-тренерот и нутриционист Софи Ален од Австралија, целулитот може да се скрие лесно на фотографиите, пред се со помош на филтрите за разбавување слики. Вториот начин е со правилно поставување на телото, каде што ќе се истакнат другите делови кои секој од нас ги смета за свој адут.
„Важно е како позирате. Сменете го аголот, сликајте право или од горе надолу, испружете ја едната нога пред другата за да ви изгледаат нозете послаби и подолги“, вели Софи која има и свој блог.
Оваа блогерка додава дека според статистиката, дури 90 отсто од жените во светот имаат проблеми со целулитот. Иако неговото отстранување е тешко, тој може лесно да се скрие, посебно кога поставувате фотографии на „Инстаграм“.