Божикно пиво од зелка и грашок е хит на Исланд

Божиќно пиво од грашок и црвена зелка е празничен хит на Исланд и се распродаде за само неколку часа. Направено од мала пиварница од Рејкјавик, „Ora Jolabjor“ или „Божиќно пиво“ е инспирирано од исландска божиќна вечера.

Божиќна трпеза во Исланд традиционално содржи грашок и црвена зелка, покрај чадена јагнешка нога и карамелизирани компири.

Новото пиво, кое има 5,2% алкохол, е на Валгеир Валгеирсон, кој е главен пивар во пиварницата „РВК“. Предходно, тој создаде популарни божиќни пива од алги, кора од дрвја, па дури и од сушена риба.

„Пивото од риба беше чудно“, вели 41-годишниот Валгеирсон.

За овој Божиќ кот измешал грашок и маринирана зелка со слад, хмељ и каранфилче ша доби  околу 6.000 литри. Првите 6.000 лименки се продале онлајн за само неколку часа.

Scroll to Top