Бразилец починал во тунел кој го ископал во затвор

Затвореникот Жадсон Куња Евангелист (26) бил на чекор до слободата кога се обидел да побегне од затворот низ тунел кој самиот го ископал, но не успеал во својата намера во последен момент.

Бразилецот кој минал низ тунелот долг 70 метри останал без воздух и се угушил на само неколку метри до површината.

Жадсон престојувал во затворот Монте Кристо на северот од земјата, каде робувал поради убиство, а во претходните неколку месеци ископал тунел под неговиот тоалет во ќелијата. Тунелот се простирал под ѕидот на затворот и електричната ограда.

За тоа колку добро ја завршил работата, сведочи и податокот дека 150 полицајци го пребарувале теренот 7 часа додека не го лоцирале тунелот. Тие и од претходно биле известени дека покојниот затвореник имал план, па веднаш се дале во потрага.

Откако го лоцирале, тунелот веднаш бил затрупан.

Scroll to Top