Бразилската полиција прекина забава со 1.200 гости среде пандемија

Полицијата на Бразил среде пандемија со коронавирусот прекина забава со околу 1.200 гости. Лицето што ја организирало забавата успеало да избега и полицијата трага по него.

Претходно, бразилската полиција прекина неколку помали забави во Сао Хозе дос Пинајса, во пошироката област Куритиба.

Бразил е едно од најголемите жаришта на пандемијата, а состојбата се влошува откако во земјата се појави мутиран вид на вирусот, кој се смета дека е позаразен од порано. Во земјата се регистрирани околу 9 милиони случаи на инфекција. Само САД и Индија има повеќе заразени од Бразил. Околу 217.000 луѓе во земјата починаа од коронавирусот.

 

Scroll to Top