„Брилијантин“ ќе стане серија 43 години по премиерата на култниот филм

Култниот мјузикл „Брилијантин“, со Џон Траволта и Оливија Њутон Џон, ќе стане серија, 43 години по премиерата на филмот. Стриминг сервисот Paramount Plus нарача серија наречена Grease: Rise of the Pink Ladies, која ќе биде вовед во приказната за љубовта на Сенди и Дени.

Серијата ќе има десет епизоди. Приказната ќе се случува четири години пред дејствието во филмот и ќе се фокусира на дамите во розово Pink Birds, пред да завладее рокенролот и членовите на групата T-Birds, пренесува „Хедлајнер.рс“.

Членовите на групата Розови птици се Бети Рико, девојка на најдобриот пријател на Дени, Кеники, Франси, најдобрата пријателка на Сенди, Џен и Марти Марашино.

Засега не е познато кој ќе ги толкува главните ликови во серијата, ни кога ќе почне снимањето, но продуцентите најавија и нови ликови што ги нема во филмот.

Scroll to Top