Британската влада ги крши своите обврски според кои треба да им осигура на семејствата доволно храна за живот. Ова е наведено во новиот извештај на организацијата „Хјуман рајтс воч“, кој е објавен денес.
Во извештајот е наведено дека се прават кратења за социјална помош на земјата поради штедења. Од 2010 година откако Конзервативната партија е на власт, 1000 семејства со деца ја немаат одговарачката храна, пренесува „Си-Ен-Ен“. Како резултат на тоа, семејствата почнале се повеќе да бараат помош од хуманитарните организации.
„Велика Британија е петтата најмоќна економија во светот и неверојатно е тоа што во земјата од година во година, се поголем број на семејства гладуваат“, изјавил за „Си-Ен-Ен“, Картик Раж, авторот на извештајот.
Раж изјавил дека британската влада ја избегнува одговорноста кога станува збор за заштита на правата на луѓето.
„Одговорноста на владата е да му осигура на секој нејзин граѓанин да го ужива правото на храна и да има адекватен животен стандард“, изјавил Раж.
Во извештајот се говори за несигурноста во снабдувањето со храна во три области во Англија, Кембриџшир и Оксфорд, каде има високо ниво на скратување на храната.
Лица од „Хјуман рајтс воч“ ги посетиле овие области каде биле забележани промени во социјалната помош кај земјите и намалување на државното финансирање кое влијае на Британците.
Вработените од организацијата спровеле 126 интервјуа со семејствата, волонтерите и персоналот во банките за храна, наведува „Си-Ен-Ен“. Исто така биле разгледани официјални владини податоци и статистика.
Зависноста од хуманитарната помош пораснала во последните 10 години, а распределбата на пакети на храна е зголемена за 5146%, е наведено во извештајот, повикувајќи се на статистиката Trasel trasta, најголемата британска добротворна организација која ја распределува храната на британските семејства.