Буфон од следната сезона во нов европски гигант

Утре се очекува и официјализирање на додоговорот што голманот на Јувнетус, Џанлујџи Буфон, ќе го потпише со Пари Сен Жермен.

Италијанецот ќе потпише договор вреден седум милиони од сезона.

„Парижаните“, како што пренесуваат медиумите, уште минатата среда се договориле со неговиот менаџер.

Буфон нема веднаш автоматски да биде прв голман, Ареаола ќе биде негов конкурент, а понудата сè уште да брани на високо ниво го натерала да остане.

Легендарниот голман има 40 години и во саботата го одигра последниот натпревар за Јувентус. Опција беше и Ливерпул, но многумина сметаат дека така би ги навредил навивачите на Јувентус. Исто така, не сакаше и во Реал поради тоа што се случи во четврт-финалето во Лигата на шампионите оваа сезона.

Значи, Џиџи ќе продолжи да брани најмалку уште две години, а ПСЖ ја реши голманската позиција, која беше едно од најголемите барања на Тухел.

 

Scroll to Top