Бурунди – прва земја што го напушти контроверзниот хашки суд

Меѓународниот казнен суд за воени злосторства во Хаг, кој беше основан во 2002 година, сега има 123 земји членки, една помалку по повлекувањето на африканската земја Бурунди, која, како и уште некои земји од овој континент, го критикуваше овој суд дека е насочен исклучиво против африканските земји.

„Повлекувањето на Бурунди стапи во сила на 27 октомври“, изјави портпаролот на судот за АФП една година откако официјалните лица од оваа земја и официјално ги известија Обединетите нации дека имаат намера да се повлечат од судот создаден да дејствува исклучиво за сторени воени злосторства.

Ова повлекување, кое претставува удар за меѓународното правосудство, се случува во момент кога репресивната машинерија во оваа земја и понатаму неказниво убива невини цивили“, изјави во петокот Ламберт Нигарура, претседател на групата земји учеснички на судот во Хаг.

Но, предистрагата, која главниот обвинител на судот, Фату Бенсуда, ја поведе во април 2016 година, по извештајот за сторени убиства, затворања, малтретирања, силувања и други облици на сексуално насилство, како и случаи со насилни исчезнувања невино население, нема да прекине.

„Повлекувањето на Бурунди не влијае на стручноста на судот, што се однесува до злосторствата сторени додека оваа земја беше дел од судот, а тоа е периодот до 27 октомври 2017 година.

Истражителите од Обединетите нации минатиот месец го повикаа Судот на Хаг да отиде еден чекор понатаму и да спроведе целосна истрага за злосторствата сторени во системскиот прогон на цивилите во оваа средноафриканска земја.

Земјата ја зафати тешка криза поради тоа што претседателот Пиере Нкурунзиза во 2015 година ја најави кандидатурата за третиот мандат што го освои на изборите кои опозицијата ги бојкотира.

Во насилствата во оваа земја загинаа повеќе од 500 луѓе, а повеќе од 270.000 избегаа.

Јужноафриканската Република и Габон изјавија дека ќе го следат примерот на Бурунди, но потоа ја променија својата одлука.

Кенија и Уганда исто така се заканија дека ќе се повлечат, а Замбија одржа референдум на кој за останување во Судот на Хаг гласаа 93 отсто од гласачите.

 

 

 

Scroll to Top