Четворица мртви и тројца ранети во пукотници во ресторан во Тенеси

Четири лица се убиени, а 3 ранети во пукотниците во ресторан во Тенеси, изјавил Дон Арон претставник од полицијата.

Пукотниците се случиле околу 03.25 по локално време, кога полуголиот напаѓач кој на себе имал само зелена јакна, упаднал во ресторан и почнал да пука.

Осомничен е Тревис Реинкинг (29) од Мортон, а сведоците велат дека тој пристигнал во својот ресторан со својот автомобил и во 03.25 почнал да пука пред ресторанот. Тука убил две лица. Потоа влегол внатре и убил уште едно лице.

„Му го земале оружјето. Бил гол и побегнал. Тој е белец со кратка коса“, соопштиле од полицијата.

Во пукотниците било рането едно лице кое на поечтокот било во критична состојба, но лекарите успеале да го стабилизираат. Две лица се во критична состојба.

Се огласил и градоначалникот Дејвид Брајли.

„За нашиот град, секој ден е трагичен кога вооружен маж ќе убие невини луѓе. Сочувствуваме со сите семејства и пријатели на ранетите и убиените. Знам дека овој ужасен злостор засекогаш ќе ги промени нивните животи“, напишал Брајли на Твитер.

Scroll to Top