Претставата „Човек, sвер и доблест“ на „Театар комедија“ од Скопје е избрана за најдобра претстава на МТФ „Денови на комедија“ во Куманово. Оваа награда на претставата ѝ ја додели публиката што го посети фестивалот.
„И во време на пандемија ‘Театар комедија’ продолжува да ниже успеси! Претставата работена според делото на Л. Пирандело е во режија на Егон Савин“, велат од театарот.
„Театар комедија“ претходно беше актуелен со фестивалот на комедијата „Гола месечина“, на кој овој пат се играа само македонски претстави. Наградата за животно дело „Анче Џамбазова“, на годинашниот фестивал ја доби доајенот на македонското глумиште Ѓокица Лукаревски.