Човекот кој го смени името на својата земја

Кралот на Свазиленд, Мсвати Трети, одлучил да го промени името на своето мало африканско кралство, кое сега го носи своето историско име, еСватини, пренесува АП.

Тој е еден од неколкуте монарси апсолутисти и во четвртокот прогласи неговата држава отсега да се вика Кралство еСватини.

Одлуката ја соопштил на стадион за време на обележувањето на 50 години независност и на неговиот роденден.

Новото име Есватини значи земја Свазија.

АП наведува дека Швајцарија сега може да здивне поради тоа што често се случувало имињата на овие две земји да се мешаат во интернет-комуникацијата.

Scroll to Top