Чудовиштето Јети од Хималите, всушност, е мечка

Со генетска анализа од наводно пронајдените примероци од чудовиштето Јети утврдено е дека всушност се работи за хималајска мечка.

Јети веќе одамна стана дел од хималајската култура, а сега митот за него конечно е разрешен.

Научниците сега ги тестираат примероците кои со години ги собирале, а биологот Шарлог Линдквист од Универзитетот „Бафало“, конечно, ги претстави резултатите во јавноста.

Со генетска анализа на девет коски, заби, кожа и коса откриено е дека примероците ѝ припаѓаат на хималајската мечка, поточно на Јети.

„Очигледно е дека голем дел од легендата има врска со мечките“, вели таа.

Студијата докажа дека примероците кои наводно припаѓаат на Јети всушност се примероци од модерен вид мечка, особено хималајски кафеави и црни мечки.

Првите приказни за Јети во западната култура се појавиле во 19 век. Прочуеното чудовиште наводно е забележано во Непал.

Да се потсетиме на прочуените песни за Јети:

 
Scroll to Top