„Д-фестивал“ во Дојран: Џајковски, „Дубиоза колектив“, „Фолтин“ – се само дел од учесниците во два дена журки

По едногодишна пауза поради пандемијата, отворениот музички „Д-фестивал“ повторно ќе се одржи во Дојран.

Фестивалот ќе трае два дена, односно на 13 и 14 август, каде што ќе уживаат многубројни домашни и регионални музички ѕвезди. Меѓу нив се Кирил Џајковски, „Дубиоза колектив“, „Фолтин“, Гордон Сити, Смут, Страјк, Смоке Мардељано, 21 век, Репетитор и други.

„Д-фестивал“ е основан во 2011 година, израснат, како што велат основачите, со идејата за уникатен open-air настан, кој ќе ѝ понуди на публиката алтернатива за задоволување на потребата за летен фестивал на автентичното и прекрасно дојранско крајбрежје.

Меѓу музичките ѕвезди што учествувале на овој фестивал во текот на годините се: Ману Чао, Пол ван Дајк, Роџер Санчез, Пуси Риот, „Архангел“, „Хладно пиво“, Дуке Бојаџиев, С.А.Р.С, „Суперхикс“, Влатко Стефановски, „Ареа“, „Електрични оргазам“ и многу други.

Scroll to Top