Даниел Субашиќ: Јас повеќе не сум Србин

Ѕвездата на хрватската репрезентација, голманот Даниел Субашиќ, повторно стана интересен за јавноста поради своето потекло, но и поради својата преубава сопруга.

По победата над Данците, во јавност повторно почна да се зборува за неговото потекло, поточно за неговите српски корени.

Бура предизвика и неговата сопруга, која минала вистински пекол за да се омажи за него, голман со српско потекло.

Антонија Боца е педагог со диплома од Филозофскиот факултет во Задар, каде што почнала и нивната врска пред 16 години.

Иако нејзиниот татко ја забранувал оваа љубов, дури ѝ се заканувал дека ќе ја убие, Антонија издржала и денеска е во среќен долгогодишен брак со голманот на „коцкестите“.

По одбраните што ги имаше во пенал-завршницата во мечот со Данска на Мундијалот во Русија, Даниел Субашиќ стана ѕвезда не само во Хрватска туку и во цела Србија.

На многумина не им беше јасно зошто е тоа така, но потоа на површина исплива вистината од која голманот очигледно се срами.

„Хрватите и Србите многу страдаа за време на војната. Поради тоа Србите не сакаат премногу да зборуваат за тоа. Кога даваш кошеви како Дражен Петровиќ или браниш пенали како Субашиќ, тогаш си наш, но ако си обичен човек, тогаш за луѓето со нарушен ум не си наш. Тоа е така“, вели еден од членовите на стручниот штаб на Хрватска.

Даниел во мечот со Данците одбрани три пенали и на тој начин им обезбеди на „коцкестите“ пласман во четвртфинале.

„Момчето е сјајно, најдобар меѓу Хрватите. Има преживеано сè и сешто и имал огромни проблеми за време на војната, па и потоа, само затоа што татко му е Србин“, додал тој.

Даниел е роден во 1984 година во Задар. Татко му Јове, кој е Србин и денеска има 63 години, е пензиониран пекар од Заград, село во близина на Бенковац, а мајка му Боја,  Хрватка (62) од соседното село Раштевиќ. Долго истакнувал дека е Србин, дури и кога влегол во врска со својата девојка, која е од Хрватска.

„Неговиот дедо е идиот. Никогаш не се смирија“, вели изворот кој ја раскажува приказната од далечната 2007 година.

Тогаш Анте Боца ја претепал ќерка си Антонија затоа што сакала да се омажи за Србин. Како што наведуваат медиумите,  ѝ се заканил дека ќе ја заколе. Антонија завршила во амбуланта, а полицијата го привела Анте, кој потоа бил изведен пред суд и обвинет за семејно насилство. Ќерка му побегнала од него, кај Даниел во Задар.

„Антонија покажа љубов со тоа што дојде кај мене. Иако сум Србин, а таа е од Хрватска, ние многу се сакаме, и тоа е најважно“, изјавил во 2007 година Субашиќ.

„Мојот татко Јово нема врска со српството. Тој се изјаснил како Хрват, но со православна вера. Јас сум Хрват католик. Хрватска е мојата татковина. Задар е мојот град. Крстен сум во католичка црква“, тврдел Субашиќ.

Даниел не е првиот Србин кој ја понел славата на хрватскиот фудбал. Претходно тоа го направиле Милан Рапаиќ и Миладин Дадо Пршо.

Рапаиќ на Мундијалот во 2002 година стана кошмар за Италијанците со победоносниот гол за 2:1. Во Хрватска сè уште се сеќаваат како го изигра Буфон. Одиграл 49 меча за хрватската репрезентација и постигнал шест погодоци.

Миладин Пршо е од Заград како и Субашиќ и го променил името во Дадо. Ќе остане запаметен како стрелецот на одлучувачкиот гол за пласман на Хрватска на Европското првенство во 2004 година против Словенија во Љубљана. Тој црвено-белиот дрес го носел на 23 меча и постигнал девет погодоци.

 

 

 

Scroll to Top