Денес променливо облачно, утре температура до -10 степени

Изутринава преовладува променливо облачно време, во западните делови на планините има слаби и повремени врнежи од снег. Дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Од УХМР велат дека денес времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и слаби локални врнежи, претежно од снег. Особено студено ќе биде во утринските часови. Во западните и крајните северни делови ќе повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер.  Највисоката температура преку денот ќе достигне  од -3 до 3 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за слабо проврнување на снег. Температурата ќе достигне до околу нула.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со кратки сончеви периоди. Утре ќе дува умерен, на повисоките места и планините засилен северен ветер, а претпладне во западните и северните делови ќе има повремен слаб снег. Во четврток во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10степени. Во четврток кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд.

Отежнат сообраќај, забрана за движење на некои патишта

Зимски услови, влажни коловози и кашест снег е моментната состојба на патиштата во земјата. Поради појава на магла, видливоста е намалена до 50 метри на планинскиот превој Плетвар. Врнежи од снег со слаб интензитет има во Маврово, Смојмирово и на планинските превои Стража и Ѓавато.


Од АМСМ информираат за следниве забрани за сообраќај:

Маврово-Дебар, Кичево-Охрид преку планинскиот превој Пресека, Гостивар-Кичево преку превојот Стража и Струг-граничен премин Ќафасан.
Од 7.30 часот изутрината укинати се забраните преку превоите Буково и Ѓавато.

Обилните врнежи од снег го отежнаа сообраќајот на патот Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хиса, каде што е задолжителна зимска опрема за патнички моторни возила, а не се пропуштаат товарни возила.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Доколку тргнувате на пат, возете внимателно.

Снежна покривка од еден метар во Маврово

Најмногу снег утринава има во Маврово. Според информациите на УХРМ, формирана е снежна покривка од речиси еден метар, односно 96 сантиметри. Во Лазарополе е формирана снежна покривка од 80 сантиметри, во Крушево – 65, Пожаране – 60, 10 сантиметри во Крива Паланка, 12 Штип и Скопје, 13 Тополчани, 18 Охрид, 20 Берово и Претор, 30 Дебар, 35 Тетово и 36 во Ѓуриште.

Најстудено утринава е во Ѓуриште, каде што се измерени -11 степени, -8 во Маврово, -7 во Скопје, Берово, Лазарополе, Крушево и во Тетово.

Изутринава преовладува променливо облачно време, во западните делови на планините има слаби и повремени врнежи од снег. Дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаби и локални врнежи претежно од снег. Особено студено ќе биде во утринските часови. Во западните и крајните северни делови ќе повремен слаб локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, на повисоките места и на планините засилен северен ветер.
Највисоката температура преку денот ќе достигне од -3 до 3 степени.

Scroll to Top