Денис Штенгелов е сопственик на трговскиот центар кој изгоре во Русија

Познатиот руски милијардер Денис Штенгелов, сопственик на трговскиот центар „Зимска вишна“, во Кемер, објект во кој во пожар во неделата, загинаа 41 дете и 23 возрасни лица, моментално не се наоѓа во Русија и одбива да дојде на сослушување. Медиумтие открија за каков човек станува збор, како се збогатил и како луксузно живее со неговото семјство.

Со оглед на тоа дека истражната комисија веќе утвррдила дека алармниот и противпожарен систем во трговскиот центар не функционирале, па потоа чуварите не биле обучени, а излезите биле блокирани, на Штенгелов му се пишува црно.

Првиот капитал го стекнал со продажба на семиња.

Форбс го имал сместено во 100-те најголеми руски приватни компании, што значи ека парите не му биле проблем. Децата му живеат во Австралија и патуваат низ светот, но очигледно штеди на децата кои доаѓаат во неговите објекти, како што е изгорениот трговски центар.

Неговиот најстар син Иван дипломирал во „Саутпорт“, најскапото и најпознато школо за дечиња. Себе си се нарекува „руски гангсер“ и патува со луксузни приватни авиони, зимува во најскапите ски-центри и ексцентрични забави.

Го сака тенисот и фудбалот, па не ги пропуша најважните мечеви од Лигата на шампионите и фогографирањето со ѕвездите.

Помладиот син Алексеј, е поскромен од брат му. На неговата страница на Фејсбук има само неколку фотографии. И тој игра тенис, па неговот татко му има изградено огромен спортски-рекреативен центар.

Тој се погрижил за сите негови блиски роднини. Постарата сестра Јулија се преселила од Швајцарија во Австралија, каде ја ангажирал да води спортски комплекс.

Јулија Штенгелов

Помладата сестра Оксан, по образование е менаџерка, живее во Томск, каде има ресторан.

Сите членови на семејството често изнајмуваат деловни приватни авиони и не им е проблем за еден лет да платат неколку десетина илјади долари. Децата од друга страна, сакаат журки, луксузни одмори и скијалишта на најубавите плажи.

 

Scroll to Top