Денот во 2020 година бил пократок затоа што Земјата се вртела побргу

By

Минатата година забележани се 28 најбрзи денови мерени од 1960 година. Тоа е затоа што нашата планета се вртела околу својата оска неколку милисекунди побргу од просекот, велат научниците.

Тие велат дека тоа не треба да нè загрижува. Вртењето на Земјата околу својата оска малку варира затоа што на неа влијаат промените од атмосферскиот притисок, ветриштата, океанските струи и вртењето на јадрото.

Ваквото зголемување или намалување на брзината може да биде незгодно, единствено за оние што се занимаваат со ултрапрецизни атомски часовници, кои го мерат координирано светско време (UTC), според кое ние сите правилно ги местиме нашите часовници.

Кога ротацијата на Земјата ќе отстапи од UTC повеќе од 0,4 секунди, тогаш UTC почнува да се приспособува. Досега во текот на приспособувањето повеќепати биле додавале престапни секунди во периодот на јуни или декември за UTC да се усогласи со астрономското време.

Односно, до неодамна вкупниот тренд на ротација на Земјата се забавувал од почетокот на прецизните сателитски мерења правени на крајот на 60-тите години и почетокот на 70-тите години.

Од 1972 година експертите секоја година додавале престапна секунда. Последното такво приспособување било направено во 2016 година кога на новогодишната ноќ, во 23 часот, 59 минути и 59 секунди, била додадена една престапна секунда, пишува Live Science.

Но, минатата година работите биле поинакви и сега научниците првпат размислуваат да одземат секунда од UTC. Денот во просек трае 86.400 секунди, но астрономскиот ден во 2021 година во просек ќе биде пократок за 0,05 милисекунди.

На крајот на годината би можело да се работи за заостанување од 19 милисекунди.

„Ако стапката на ротација на Земјата се забрза, сосема е можно да биде потребна негативна престапна секунда. Засега е прерано да се говори дали тоа навистина ќе се случи“, изјавил физичарот Питер Виберли од институтот National Physics Laboratory во Велика Британија, за Телеграф“.

На меѓународно ниво се расправало за иднината на престапните секунди. Можно е потребата за негативна престапна секунда да ја поттикне одлуката за комплетно да се укине престапната секунда, додал Виберли.

Астрономски гледано, Земјата минатата година 28 пати го соборила претходниот рекорд на најкраткиот астрономски ден поставен во 2005 година. Најкраткиот ден таа година бил на 5 јули, а нашата планета тој ден свртела околу оската за 0,0516 милисекунди побргу од просечните 86.400 секунди. Најкраткиот ден во 2020 година бил на 19 јули кога планетата ја завршила својата ротација за 1,4602 милисекунда побргу од просекот.

 

 

 

Ќе ви се допадне

Watch Armor Shop for Ladies and Gentlemen II Episode 4 at website https://animeplanet.cc isekai anime anime planet

Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 (Dub) (https://animeflix.nl/m/lBv8) Episode 13 at website https://animeflix.nl. See more one piece animeflix