Десет „мигови“ вооружени со суперракетите на Путин подготвени да дејствуваат

Десет авиони за пресретнување од типот „миг-31“ со суперсонични „кинжал-ракети“ веќе се на пробно воено дежурство, изјавил заменик-министерот за одбрана на Русија, Јуриј Борисов.

„Миг-31“ е авион штое најдобро прилагоден за исфрлање на „кинжал-ракетите“, кои ја поседуваат неопходната брзина и неопходната висина. Како потврда за тоа дека не станува збор за некаква егзотика е податокот дека денеска десет авиони се на пробно воено дежурство и истите се подготвени за употреба во зависност од ситуацијата“, изјавил Борисов за телевизискиот канал „Ѕвезда“.

Според неговите зборови, „кинжал“ е еден од четирите типа ново вооружување кои неодамна ги претставил претседателот на државата и главен командант Владимир Путин.

Ова современо оружје претставува суперсонична ракета со голем дострел кое во суштина може да ги совлада системите на противоздушна и противракетна одбрана. Ракетата е непобедлива и има сериозен капацитет и потенцијал.

„Тоа е суперсовремено оружје со зголемен дострел кој може да ги совлада противничките системи PRO. Истото има сериозна смртоносна моќ. Неговиот носач ‘миг-31’ е модернизиран така што ракетата може да забрза до потребната црта на планираната висина. Не е ова никаква егзотика. Сите десет ‘миг-31’ со ‘кинжал-ракетите’ во секој момент се подготвени за воени дејствија“, вели Борисов.

Ракетата може да развие брзина до десет маха и гарантирано може да ги победи сите постоечки системи на противвоздушната и противракетната одбрана, пренесувајќи нуклеарна и конвенционална муниција на растојание до 2000 километри.

Ракетите „кинжал“ можат да ги уништат и носачи на авиони, разорувачи и крстосувачи на потенцијалниот противник. Минатиот декември имало пробно воено дежурство во Јужниот воен округ. На деветти мај авионите „миг-31К“ со комплексот „кинжал“ учествувале на Парадата на победата во Москва.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ја претставил суперсоничната ракета „кинжал“ и другите најнови системи на руското вооружување за време на говорот во Федералното собрание на почетокот на март. Очите на целиот свет, по традиција, биле свртени кон Парадата на победата во Москва.