Десет семејства ја тужат ЕУ поради последиците од глобалното затоплување

Десет семејства од осум земји од Европа, Кенија и Фиџи, поднеле тужба против ЕУ, поради последиците од глобалното затоплување кое се заканува на нивните домови и начин на живот.

Тие инсистираат ЕУ да превземе нешто за да ги ограничи климатските промени предизвикани од емисиите на гасови, кои имаат ефект над стаклената градина и укажуваат на суша, топење на глечерите, порастот на нивото на морето и поплави кои ќе се влошат со растот на температурите.

„Пред Европскиот суд за правда, тужби поднеле и семејствата кои живеат во близина на бреговите, оние кои поседуваат шуми во Португалија, кои живеат на планини и го гледаат топењето на глечерите, како и семејства кои живеат на северот, а кои се погодени од топењето на пермафрост“, изјавил нивниот адвокат Род Верхејн.

Таа додала дека тие се веќе погодени од климатските промени и сметаат дека ЕУ е должна да ги штити, затоа што во спротивно, ќе се направи штета од катастрофални размери. Тие тврдат дека овде се работи за заштита на нивните основни права, како што е правото на живот, здравје, имот и занимање.

 

Scroll to Top