Десетгодишнина од апсењето на австрискиот монструм Јозеф Фрицл

Пред 10 години, во Австрија е откриен монструмот Јозеф Фрицл, злогласниот силувач кој сопствената ќерка Елизабет ја држел затворена во подрум 24 години. За тоа време ја силувал 3.000 пати и со неа добил седум деца.

Злосторството, кое е откриен на 19 април 2008 година, го потресе целиот свет. Фрицл тогаш имал 73 години, а неговата ќерка Елизабет 42 години.

Доколку нивната најстара ќерка Керстин не се разболеа, монструозното злосторство можеби никогаш не би било откриено. Пред 10 години Керстин завршила во болница затоа што имало ризик да го изгуби бубрегот.

Фрицл тогаш се појавил во болницата и тврдел дека пронашол писмо што му го оставила мајка на една болна девојка. Докторот Алберт Рајтер забележал дека приказната е сомнителна и полна со нелогичности. Два дена потоа лекарите повикале полиција за да ја пронајдат мајката што би им дала повеќе информации за својата ќерка.

Кога полицијата тропнала на вратата, Фрицл им рекол дека Елизабет е членка на култ и тогаш им го покажал писмото за кое тврдел дека е последното што го примил од неа, како и дека тоа е испратено од Хематен во Тирола.

За да ги провери информациите што ги дал Фрицл, полицијата стапила во контакт со Манфред Волфарт, црковниот службеник што ги следел култовите. Тој веднаш се посомневал дека постои таков култ каков што го споменал Фрицл. Волфарт нагласил дека писмото му изгледало напишано како некој да го диктирал, и тоа многу порано од датата на испраќање.

Една недела откако Керстин завршила во болница на 26 април, Фрицл ја извадил Елизабет од подрумот заедно со нивните два сина, Стефан и Феликс.

Елизабет морало итно да биде хоспитализирана. Доктор Рајтер веднаш повикал полиција, која Фрицл го однела на испитување. Елизабет на истражителите им поставила ултиматум.

„Ќе ви кажам сѐ ако ветите дека никогаш повеќе во животот нема да морам да го видам мојот татко“, рекла Елизабет.

Во следните два часа им раскажала сѐ за 24-те мачни години што ги поминала затворена. Татко ѝ ја силувал и ја терал да гледа порнографски филмови, чии сцени морала да ги повторува пред децата.

Три дена подоцна, на 29 април, ДНК-анализата потврдила дека Фрицл е татко на децата што ги родила Елизабет. Полицијата на 1 мај потврдила дека Фрицл една година претходно ја натерал Елизабет да напише писмо во кое таа ќе потврди дека тој планирал заедно со нејзините деца да ги ослободи. Кога случајот бил откриен, Фрицл се бранел со зборовите дека Елизабет се согласила на секс и дека со децата биле во добри односи.

„Елизабет стана проблематична кога влезе во пубертет. Престана да ме слуша и морав да реагирам. Ја заштитив од надворешниот свет“, тврдел тогаш Фрицл, а своите психички проблеми ги поврзал со мајка си, која во детството наводно го малтретирала.

Како што изјавил, мајка му продолжила да живее со него и кога се оженил со Розмари. На истражителите им раскажал дека ја затворил на таванот, каде што го заѕидал дури и прозорецот. На комшиите им рекол дека починала. Таму ја држел затворена сѐ до нејзината смрт во 1980 година, а медиумите излегле со претпоставки дека на таванот можела да мине и до 20 години.

 

Фрицл на 19 март 2009 година е осуден на доживотна казна затвор со можност за помилување по 15 години. Казната ја издржувал во делот на затворот во кој се наоѓале психички болни лица.

Работел како книжар и домар, а минатата година наводно го променил името во Фриц Мајрхоф за да не го препознаат новите затвореници. Розмари се развела од Фриц и сега живее со нов идентитет, исто како и Елизабет и нејзините деца.

 

Елизабет денеска има 52 години. Трите од седумте деца живеле со неа во подрумот. Едно починало веднаш по раѓањето, а трите ги одгледале Фрицл и Розмари.

Кога Фрицл бил осуден, семејството е примено во клиниката на психијатриско лекување. Елизабет и децата подоцна се преселиле во село на северот во Австрија, каде што живеат до ден-денес.

Scroll to Top