Девојче можело да загине откако гласовниот уред на Амазон, Алекс, ја советувал со паричка да допре во штекер

Мајката на Кристин Ливдал рече дека нејзината ќерка можела да загине, ако го послушала гласовниот уред од компанијата на „Амазон“, со паричка да допре во штекер. Таа вели дека говорниот асистент наречен „Алекс“, им нуди на клиентите опасен предизвик.

Предлогот следел откако девојчето го замолило Алекс за некој предизвик кој треба да го направи.

„Вклучете го полначот за телефон до половина во ѕиден штекер, а потоа допрете ги отворените запци со паричка“, се слуша во говорот на паметниот уред „Алекс“.

Од компанијата „Амазон“ објаснија дека се свесни за настанатата грешка и дека веднаш била исправена. Мајката на Кристин на „Твитер“ објасни како се случил целиот инцидент.

„Работевме некои вежби, како што се лежење на подот и превртување на нозете без да ни паднат влечките. Тоа ѝ беа вежби од наставата по физичко. Времето надвор беше лошо и врнежливо, а Кристин сакаше уште направиме уште еден предизвик. Тогаш уредот ѝ предложи нешто кое го пронашол на интернет“, рече мајка ѝ на Кристин.

Опасниот предизвик, познат како „паричка предизвик“, почнал да се шири на Тик-ток и на други веб- страници и социјални мрежи, уште пред една година.

Експертите предупредуваат дека голем број метали спроведуваат струја и нивното мешање во електричните штекери под напон може да предизвикаат струен удар, пожар и други видови на оштетувања.

„Знам дека можете да изгубите и прсти, дланка, рака. Исходот од оваа направа може да биде крајно опасен и некој сериозно да биде повреден“, рече за медиумите Мајкл Класкер, менаџер во една противпожарна станица.

Мајката на Кристин објасни дека кога ја слушнала направата ѝ викнала на Кристин, иако знаела дека нејзината ќерка е премногу паметна да не направи такво нешто.

Од „Амазон“ за Би-би-си, преку соопштение објаснија дека ја ажурирале направата за повеќе да не препорачува таква активност во иднина.

„Довербата на купците е она што ни е најважно и Алек е дизајниран да дава точни, релевантни и корисни информации на купците“, навеле тие во соопштението.

„Откако станавме свесни за оваа грешка, веднаш преземавме мерки за негова поправка“, дополниле тие.

Scroll to Top